Приведени два криумчари на мигранти од Тетово
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчера ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово поради криумчарење на мигранти.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.
Дополнуваат дека мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
– Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…