Скандал на натпреварот Грција-Косово: Грците скандираа “Косово е Србија”
Нередите на навивачите го одбележаа фудбалскиот натпревар од 4. коло од четвртата група од Ц дивизијата на Лигата на нации меѓу Грција и т.н. Косово.
Натпреварот се играше во неделата во Волос, а инцидентот се случи на крајот на првото полувреме, кога навивачите на двете селекции пукаа меѓу себе со пиротехнички средства.
Грчките навивачи за време на натпреварот скандираа: „Косово е Србија“, а приврзаниците на домашниот тим покрај грчките носеа и српски знамиња.
Локалните медиуми наведуваат и дека грчките навивачи ја исвиркале таканаречената химна. Косово, што беше интонирано пред почетокот на натпреварот.
Грција победи со 2:0 и по само четири кола обезбеди пласман во дивизијата Б од Лигата на нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…