(Видео) Арсовска: Отпочнува изградбата на мега парк во Ѓорче
Во вечерашната емисија на “Наше Скопје”, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека отпочнува изградбата на мега парк во Ѓорче, кој навистина ќе биде мега проект и ќе можат голем број на граѓани од ова подрачје на Скопје да уживаат во убавините.
,,Овој проект заедно го работат Паркови и зеленила и Улица и патишта и верувам дека Градот Скопје заедно со јавните претпријатија ќе успее да го направи она што беше предизборно ветување, а сега реализација во програмата за модерно Скопје каде сите Скопјани ќе уживаат, каде ќе го минуваат слободното време. Долгогодишна дива депонија имаше на тоа место, а сега ќе прерасне голем мега парк каде што Скопјани ќе можат да уживаат. Се работи за некаде околу 30.000 илјади метри квадратни” , изјави Арсовска.
Следете ја емисијата “Наше Скопје” на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…