Ќе гледаме ли европска војна? Полска е спремна да се бори со Русија во случај на напад
Народот на Полска е подготвен да пружи отпор во случај на руски напад, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на отворањето на спортско-стрелачката галерија во Мисков, јужна Полска.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, стрелачките галерии во Полска се се популарни.
– Доколку Русија некогаш размислува да ја нападне Полска, Русија треба да знае, и Кремљ мора да знае дека има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака за да ја одбранат својата татковина, рече Моравјецки.
Тој нагласи дека војната во Украина на сите им покажала дека слободата не се зема здраво за готово. Полска, исто така, беше „под руската чизма” со векови, рече тој.
– Не сакаме да се вратиме на тој недостиг на слобода. Го отфрламе нивниот колонијализам и империјализам, рече тој.
Моравјецки најави дека Полска поради тоа ќе ја зголеми својата армија и ќе инвестира во нови системи за оружје.
Според централниот орган за статистика ГУС, Полска моментално има нешто повеќе од 38 милиони жители. Сепак, многу повеќе живеат надвор од земјата. Само во Германија во 2021 година се евидентирани 871.000 луѓе со полско државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…