Објавено на:

(Видео) Арсовска: Кога стапив на функцијата градот беше без проекти

t

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката на Град Скопје истакна дека новата градска администрација наиде на град без проекти.

– Ние образложивме што се случуваше изминатите 7 месеци, а најважно е да им предочиме на граѓаните дека наидовме на град без проекти.

Имаше само неколку отпочнати проекти во незавидна положба, решававме предизвици со кои сме соочени, не само градот што е презадолжен туку е и заглавен во прокти кои не биле соодветно планирани ни финансиски, а имаат и имотно-правни спорови.

Проблем со мостот нема, тој е во финиш фаза, проблем е поврзувањето на мостот со булеварот АСНОМ, тоа е проблематично од неколку аспекти. Овде едната страна воопшто не е тендерирана, а на другата има нерешени имотно правни проблеми. некој отпочнал со градба на мост кога имало 275 експропријации кои требало да се завршат, во три години успеале да разрешат 31 предмет, ние за ова време успеавме над 80 да разрешиме.

Ние ќе го завршиме тоа во предвидениот рок, но некој го започнал мостот без да ги реши тие проблеми, Неодговорно е да се отпочнат проекти без да се разрешат сите имотно-правни проблеми. Такви се многу проекти, Борис Трајковски, Љубљанска и слично, да не ги набројувам сите до еден, истакна градоначалничката Арсовска која додаде дека Градот ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=577253724006962&notif_id=1655061560676161&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…