Косово треба да се откаже од изолација и да стане дел од Отворен Балкан, вели поранешниот шеф на косовската дипломатија
Поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на парламентот и на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, за Топ чанел изјави дека Косово треба да им се приклучи на земјите од регионот во рамки на Отворен Балкан.
– Вклучувањето на Косово во иницијативата ” Отворен Балкан” е неопходно. Одбивањето да стане дел од оваа иницијатива има последици во многу аспекти а учеството во оваа регионална иницијатива е решено со Вашингстонскиот договор, рече тој.
Според него ова е краен момент Владата на Косово сериозно да размисли, да се откаже од изолацијата и да покаже дека е за соработка.
Хоџај додава дека од економски аспект, трговијата со Србија не треба никого да плаши а ги отфрла и аргументите на Владата на премиерот Албин Курти дека неучеството е поврзано со нееднаквиот третман на Косово во оваа иницијатива.
– Апелирам до другите опозициски партии да погледнат подалеку кога станува збор за ” Отворен Балкан” за да ја убедиме владата да се откаже од изолацијата на земјата, посочи Хоџај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…