Вартоломеј му подари на г.г Стефан раскошен комплет архиепископски панагии
Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан.
По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ,
блажениот патријарх Вартоломеј уште еднаш нескриено ја искажа својата голема љубов кон архиепископот Стефан.
Тој пак, видно воодушевен, од своја страна несомнено ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата Црква.
Овој дар е уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната очит која блажениот патријарх Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј го пофали изборот на…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Папата Лав XIV…
Во заедничка декларација потпишана во Патријаршискиот комплекс…
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј со честитка до…
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитка до…
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување…
Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите…