Објавено на:

Избувна пожар на грчкиот остров Парос

t

Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во областа Молос на Парос, а поради ветерот, пожарот брзо се прошири.

Цела ноќ траеше битката со огнената стихија, интервенираа 14 пожарникари со пет возила, помагаа и цистерни од општините, а утрово на островот беше испратен тим пожарникари од Сирос, а противпожарните сили се зајакнати и со два авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…