Османи разочаран што мнозинството граѓани во Македонија ја поддржуваат Русија
Разочарувачки се последните анкети во врска со јавното мислење во врска со руската агресија во Украина, разочарувачки е бројот на граѓаните кои имаат про-руски ставови“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој надополни дека разочарувачки е порастот на скептицизмот за ЕУ, и објасни на што се должи тоа.
„Разочарувачки е и порастот на евроскептицизмот и мислам дека голем дел од ова се должи на фрустрацијата од неотпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така ова се случува и поради надворешните влијанија, а тука е на пример и партијата Левица која има отворени про-руски ставови, партија чии претставници имаше и на парадата на Путин. Оваа партија може во иднина да биде сериозен проблем доколку треба да одлучува за нешто“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…