Потребна е солидаризација за да не падне товарот на граѓаните, вели Бектеши
Мерките секогаш ги носиме во консултација со Стопанските комори. Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
– Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Јас мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, истакна Бектеши.
Во делот на помошта што државата ја дава кон фирмите во време на криза, министерот за економија истакна дека има одреден буџет од над 50 милиони евра што е директно наменет кон производителите кои можат да го користат согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
– Во однос на зголемување на конкурентноста и на иновативноста, претприемништвото редовно има јавни повици кон микро и малите компании од страна на Министерството за економија. Ниедна од овие мерки оваа година не е скратена ни со првичниот Буџет, ниту сега со ребалансот. Сите тие мерки може да се користат од страна на стопанството и ја зголемат нивната конкурентност, а секако и да ги намалат и трошоците, појасни министерот.
Тој додаде дека над 60 илјади правни субјекти во државата, посебно микро и мали компании се снабдуваат со електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач, што значи дека овие субјекти се снабдуваат со цена која е утврдена и која е субвенционирана од страна на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…