Објавено на:

Ги има и во Егејското и во Јонското Море: Опасните пурпурни медиузи му се закануваат на грчкиот туризам

t

На неколку плажи во Грција деновиве се појавија опасни медузи, чиј убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици. Поради тоа властите беа принудени да постават црвени знамиња со кои се означува забраната за влез во вода.

Грците неколку недели ги мачат виолетовите или пурпурните медузи кои, според нивните проценки, претставуваат нова опасност по коронавирусот за туристичкото лето во Грција.

„Тоа е опасен вид на медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми“, рече за српската ТВ Прва, дописничката на „Политика“ од Атина, Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Медиузите имаат големина од 10 сантиметри и се со долги пипала. Иако се карактеристични за Шпанија и Италија, тие се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море.

„Бараат потопло море, се хранат со планктони, а се појавуваат на период од 10 години. Досега океанолозите успеаја да ги лоцираат, но сега водните струи носат и не знаат каде ќе се појават следно. Моментално ги зафатија двете страни на Атика, отидоа кон Јонос, кон Пелопонез. Не се знае кога ќе отпловат. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не ги гледате“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Според неа, грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да се изгорите, препораката е – брзо плакнење со морска вода, ставање мраз и сода бикарбона.

„Треба да се биде внимателен бидејќи со брановите можат да стигнат до брегот. Водните струи ги носат во сите правци – и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена“, предупредува Јасмина Павловиќ Стамениќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…