Објавено на:

Навални е префрлен на непозната локација, вели неговиот соработник

t

Лидерот на руската опозиција и затвореник, Алексеј Навални е префрлен на непозната локација од казнено-поправниот дом каде што издржува затворска казна од две и пол години, изјави неговиот соработник.

„Не знаеме каде е сега Алексеј или во која казнена колонија е пренесен“, објави на Телеграм Леонид Волков, лидерот на тимот на Навални.

Најпознатиот опозициски лидер во последните десет години беше уапсен во февруари 2021 година по враќањето од Германија, каде што се лекуваше од обид за труење со нервен агенс, за кој рече дека бил извршен по наредба на Кремљ. Навални беше повторно осуден на 24 март, овој пат на девет години затвор под обвинение за измама и непочитување на судот, а тие обвиненија ги отфрла како политички измислени за да се ограничат неговите политички амбиции.

Судијата наредил Навални, кој јавно ја осуди руската воена агресија врз Украина, нарекувајќи ја „глупост“, да биде пренесен во казнено-поправен дом со максимална безбедност каде што ќе му бидат намалени правата на посети и контакти.

Навални ја отслужувал казната во Колонија 2, затвор во Покрово, 119 километри источно од Москва. Откако е во затвор, руските власти во голема мера ја разбиле политичката мрежа што тој ја создал, повикувајќи се на обвинувања дека неговата организација е „екстремистичка“.

Најблиските соработници и организатори на Навални сега се или во затвор или принудени на егзил. Пред две недели против Навални беше покренато ново обвинение, овој пат за основање екстремистичка организација и поттикнување омраза против властите, за што може да добие максимална казна од уште 15 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пирати киднапираа брод со оружје: Двајца Срби…

Пирати киднапираа товарен брод под камерунско знаме…

Водачот на Кавачкиот клан е во бегство,…

Полицијата на Црна Гора понуди парична награда…

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не…

Русија ги повикува своите граѓани во странство…

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили…

Израел сè уште не го одобрил распоредувањето…

Спречен е терористички напад на њујоршкиот Капитол-…

есика Боуви (35) е обвинета за давање…