Објавено на:

ЕУ набавува вакцини за мајмунска сипаница

t

ЕУ набавува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници само за нејзините членки. Станува збор за вакцина од дански производител која веќе се користела за Вариола вера или голема сипаница, но покажала ефикасност од над 80 проценти и против мајмунските сипаници. Вакцината наречена „Имванекс“ се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови за вирусот наречен „манкипокс“, иако некои земји веќе дозволија да се користи овој производ. Членките на Унијата ќе ги добијат првите количини до крајот на јуни. Распределбата ќе биде рамномерна според бројот на жители, а ќе се користи за лица кои биле изложени на вирусот.

– За прв пат, ги купуваме овие вакцини со програмата EU4Health и ги донираме на нашите земји-членки. Појавата на мајмунска сипаница ја покажа важноста на обединетиот пристап на ЕУ за подготвеност и одговор на новите здравствени закани. Со договорот потпишан денеска, гарантираме дека земјите-членки ќе имаат пристап до многу потребните вакцини за заштита на луѓето изложени на мајмунски сипаници, изјави Стела Киријакидес, Комесар за здравје и безбедност на храна на ЕК.

Македонија ќе чека донација од вакцини и тестови за мајмунски сипаници од СЗО, но кога тоа ќе се случи нема информација. Ова беше соопштено на еден од последните состаноци на Комисијата за заразни болести.

Инаку, вирусот досега е регистриран во 30 земји, а најблиску до нас во Грција. Во Европа пријавени се 900-тини случаи.

Извор: Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…

Пет лица загинаа вчера во торнадо во…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…

(Фото) Само во Русија: Изложба на воени…

Запленетите германски тенкови Леопард 2 и пешадиско…

23 години од масакрот кај Вејце –…

Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…