Црна Гора не сака официјално да ги објави имињата на руските државјани на кои им го замрзна имотот
Црногорските државни институции не сакаат официјално да ги објават имињата на руските државјани чиј имот го замрзнале, со образложение дека не се овластени да даваат такви информации, јави денеска Радио Слободна Европа, повикувајќи се на извори во надлежните државни институции.
Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на 10 јуни изјави дека 44 имоти во Црна Гора, во сопственост на 34 руски државјани, се замрзнати.
Замрзнувањето е извршено врз основа на исполнување на обврските преземени со донесувањето на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки против Русија поради воената агресија врз Украина.
Црна Гора, како земја кандидат, ги донесе овие одлуки следејќи ја надворешната политика на Европската Унија.
Коментирајќи го замрзнувањето на имотот на руските граѓани, министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека ова е прв во низата чекори за што поефикасно лоцирање и замрзнување на рускиот имот.
Тој додаде дека процедурите, не само во Црна Гора, туку и на глобално ниво, може да бидат предмет на правни обиди за нивно оспорување, но оти смета дека тие можат да бидат успешни. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…