Украинците се жалат: Загубивме една четвртина од земјоделските површини

t

Бројот на обработливи полиња во Украина е намален за една четвртина од почетокот на руската инвазија, изјави заменик министерот за земјоделство Тарас Висоцки за новинарите во Киев.

Висоцки предвидел дека жетвата ќе биде доволна за домашните потреби, особено што тие потреби се намалени откако многумина избегаа од војната во Украина.

Борбата не само што влијае на земјоделството во земјата, туку влијае и на блокадата на извозот од страна на Русија, што доведува до намалена сеидба на земјоделските култури наменети за извоз, рече Висоцки. Според него, земјоделците се свртуваат кон земјоделските култури со помали барања како што е сојата. Површината под соја останала речиси непроменета и покрај војната.

Но, на пример, одгледувањето пченка падна од 5,5 милиони хектари во 2021 година на 4,6 милиони хектари сега, рече тој. Тој не дал информации за пченицата, чие производство има значително меѓународно влијание бидејќи Украина е главен извозник на пченица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски на Форумот на шефови на гранични…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Почна изградбата на автопатот Скопје – Блаце:…

Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат…

(Видео) Драма во Хамбург: 23 луѓе три…

Дваесет и три лица поминаа околу три…

Двајца грабнувачи од демиркаписко добија по 6…

Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија…

Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…

Турското Министерство за одбрана се подготвува за…