Објавено на:

Николоски: Власта без консултација прифаќа европска втора лига, на сметка на ЕУ, а таму нема ни финансиска моќ ни извршни механизми за владеење на право

t

Она што ме загрижува е формирањето на европската втора лига, каде што без никаква дебата во јавноста власта се согласува да влезе. Претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел ја поддржа идејата на Макрон претседателот на Франција, и е во посета на регионот каде што ќе ја понуди, а овие од власта ќе ја прифатат затоа што збор досега не рекоа против таа идеја нити не повикаа нас како најголема политичка партија да се консултираме, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кај „Јанко јади бурек“ на ТВ Сонце.

Николоски посочи дека досега само претседателот на партијата Мицкоски и тој излегоа со ставови против оваа идеја, затоа што има најмалку две фалинки.

– Првата е друштвото, таму влегуваат земјите од Западен Балкан и земјите од поранешен СССР, но вториот поголем проблем е што ова тело нема да има извршна и финансиска моќ. Ние сакаме да влеземе во ЕУ за граѓаните да живеа подобар живот и да има систем на владеење на право. Ова ќе е лабилна форма без извршни механизми, рече Николоски.

Николоски посочи дека власта сега преку пропагандните шеми ја напаѓаат ЕУ, односно тоа го прават истите кои се колнеа и кои велеа дека име треба да смениме.

– Одат со кампања против ЕУ да го убедат народот дека не мрази ЕУ и затоа не напредува државата. А државата не напредува затоа што владава не ја бива и е корумпирана, истакна Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…