Објавено на:

Нова Украина и нова војна? Ердоган бара демилитаризација на Грција, ако не следува воена интервенција

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција за трупање на воени сили на островите во Егејот заканувајќи се со воена интервенција доколку Атина не ги демлитаризира островите.

Фокусот на територијалниот спор е првенствено групата острови наречени Додеканези. Оваа група на острови ги вклучува островитe Родос, Лезбос, Самос и Кос. Турско-грчката граница е јасно регулирана речиси еден век, но прашањето за суверените права во источниот дел на Егејското Море стана „комплицирано“ поради различните толкувања на меѓународното право. Договорот од Лозана (1923) и Договорот од Париз (1947) дефинираат кои острови и се доделуваат на која држава, но предвидуваат и дека одредени острови не смеат да се милитаризираат. Турција од третиот договор ги бара своите спорни територии. Станува збор за договорот од Монтре од 1936 година, кој го замени договорот од Лозана.

За време на посетата на пристанишниот град на Егејското Море, Измит турскиот претседател одржа говор во кој ја обвини Грција за милитаризација на островите.

„Атина треба да избегнува такви соништа, изјави и постапки за кои подоцна може да зажали. Таквите постапки може да имаат катастрофални последици. Воопшто не се шегувам“, изјави Ердоган, а пренесува Блумберг.

Грчката влада овој „запалив“ говор го сфати како директна закана. Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на самитот на Југоисточна Европа во Солун изјави дека Грција нема да придонесе за ескалација на конфликтот.

„Грција нема да придонесе за ескалација на конфликтот со соседната држава Турција со навредливи изјави, незаконски барања и обвинувања“, рече Дендиас.

Изјавите на Ердоган доаѓаат во време на засилени тензии меѓу двете членки на НАТО кои историски не се согласуваат за низа прашања, вклучително и резервите на нафта и поморските права во источниот Медитеран, како и правото на островот Кипар, кој е поделен меѓу Турција и Грција од 1974 година.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…