Симовски откри: Кој податок од пописот го загрижува најмногу?

t

Првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат рече дека резултатите коишто ги покажал пописот за него биле очекувани, иако, нагласи дека за него посебно внимание, меѓу останатите, заслужува податокот за миграцијата на младите од државата.

„Лично, не се исплашив од податоците, ги очекував…клучниот фактор што го покажа овој попис е дека ние губиме население. И тоа го губиме интензивно. Пред сѐ и над сѐ поради фактот на миграцијата. И не губиме само бројка на население, ние го губиме младиот потенцијал. Оној потенцијал којшто треба да го носи идниот демографски развој“, вели Симовски.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ