Какво време дојде, Мендух Тачи ДА НЕ БРАНИ: Бугарите да знаат дека овој народ тука постои и ќе постои!

t

Луѓето со кои имам контакти, тие се вчудоневидени како Албанците во Македонија се поиритирани од односот на Бугарија кон Македонија. Бугарија треба да знае дека овој народ тука постои и ќе постои. Пред 70 години го поминавме тоа дали луѓето тука се Бугари или не се. Се прашувам дали тие луѓе таму воопшто имаат интелектуалци? Видете го примерот со Украина. Што оти Русија може да заземе територија? Кој ќе живее таму? Па тоа ќе бидат гулази додека другиот дел од државата ќе живее живот што не е како од 19 век, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА, за Утрински брифинг.

Тачи за заткулисното сопирање на процесите на Балканот од страна на Русија вели дека станува збор повеќе за културолошка отколку за воена мешаница пред голот.

-Јас сум против изолирање на Русија во целост. Се вели дека Русија постојано ѝ помага на Србија. Не е точно. Каде беа Русите за време на Првата светска војна кога на Србија ѝ помагаа Франција и Британија. Тука работите се испомешани и не може да се гледа еднострано, вели Тачи.

Кога премиерот на Албанија јавно изразува несогласување со односот на Западот кон Балканот тоа значи многу, коментира Тачи и вели дека ист позитивен однос е и гестот на СПЦ кон признавањето на МПЦ-ОА.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по…

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во…