Вучиќ: Ни се може
Претседателот на Србија денеска изјави дека во Србија може да се има свое мислење.
Коментирајќи ја пораката на Европскиот парламент дека Србија мора да го признае Косово и Метохија, Александар Вучиќ на отворањето на секторот Б5 од обиколницата околу Белград, рече дека тоа е чудна политика.
Сите документи споменуваат и пишуваат сеопфатна нормализација на односите, а не меѓународно признавање. „Взаемното признавање е нивна желба, ние тоа не го сакаме. И како што кажав, секој има своја работа, тие нивна, ние наша. Тие се многу важни, ние не сме, но како што гледате можеме да имаме своја мислење и, ни се може“, иронично рече Вучиќ.
Тој додаде дека Владата и Собранието на Србија ќе одлучуваат за извештајот на Европскиот парламент.
Според него, Собранието на Србија наскоро ќе одлучува за извештајот на Европскиот парламент за Србија, од каде, како што вели, ќе се каже истото како што кажал и сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…