Поразително – Симовски алармира: Факултетски образованите лица бегаат од државата

t

Дипломираните студенти, во кои инвестира државата ни бегаат во странство, алармира директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат. Како што додава тој, „некој треба да си ја чукне главата“ и да се запраша што се случува со високообразовниот кадар.

„Само 17% со високо образование да имате во државата, а сѐ живо оди на факултет…треба некој да си ја чукне главата, да се запраша каде ни отидоа овие деца. Тие избегаа од државата, тие коишто завршуваат. Не може да биде 40% со средно образование, а само 17% со факултет кога 90% од младите коишто се школуваат во средно заминуваат на факултет. Значи, некаде ги губиме, некаде ни бегаат“, вели Симовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ