Министерството за правда: Граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги
Министерството за правда информира дека граѓаните ќе може да ги користат улслугите на Управата за водење матични книги од утре.
„Министерството за правда и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во Управата за водење на матични книги. Со потпишувањето на колективниот договор, штрајкот е ставен во мирување, а граѓаните од утре ќе може да ги корситат услугите на Управата за водење матични книги. Во колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен подмор, додатоци на плата, јубилејни награди и друго. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија овој договор е минималната плата да биде основна плата“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…