Макрон: Киев ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се стави крај на војната
Руската војска објави дека ќе им дозволи на цвилите да го напуштат источниот украински град Северодоњецк, додека укрианските борци мора да се предадат. Во градот кој порано имал 100 000 жители се останати уште 12 000 цивили соопштија локалните власти. Русите контролираат најголем дел од градот додека украинските бранители се стационирани во фабриката Азот.
Преземањето на Северодонецк и блискиот град Лисичанск ќе ѝ даде на Москва контрола врз целиот регион Луганск. Киев ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се стави крај на војната помеѓу двете земји изјави францускиот претседател за време на посетата на француските и сојузничките трупи во базата на НАТО во Романија. За Војната во Украина, и барањето на Зеленски до Западот за дополнително оружје со долг дострел, министрите за одбрана на земјите члнеки на НАТо и други земји вечерва и утре ќе развораат во Брисел. Првиот човек на НАТО изјави дека украинскиот претсдедател е поканет да учестува на самитот на лидерите на алијансата на крајот на месецов во Мадрид.
Во меѓувреме Дмитриј Медведев, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, изрази сомнеж дека Украина ќе постои на мапата на светот за две години.
– Ја видов пораката дека Украина сака да добие течен природен гас од своите странски сопственици со плаќање за испорака за 2 години. Во спротивно, едноставно ќе замрзне следната зима. Само прашање. А кој рече дека за две години Украина дури и ќе постои на мапата? Напиша Медведев на телеграм.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата врз неговата земја.
Светската здравствена организација објави дека започнува со нов механизам за дистрибуција на вакцини, со цел да се запре ширењето на мајмунските сипаници во 30 земји надвор од Африка. програмата е наменета за сите земји и оти вакцините ќе се дистрибуираат во согласност со нивните епидемиолошки потреби.
Станува збор за вакцините против големите сипаници, кои се предизвикани од сличен вирус а обезбедуваат ефикасна заштита од мајмунски сипаници во 85 проценти од случаите.
„Европа останува епицентарот на инфекцијата, со 1.500 случаи во 25 земји, што е 85 отсто од сите случаи во светот“, соопшти СЗО .
Утре Светската здравствена организација ќе одржи вонредна седница за да процени дали ширењето на мајмунските сипаници треба да се сметаат за вонредна здравствена криза во светот.
Извор: Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна изградбата на автопатот Скопје – Блаце:…
Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат…
(Видео) Драма во Хамбург: 23 луѓе три…
Дваесет и три лица поминаа околу три…
Двајца грабнувачи од демиркаписко добија по 6…
Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија…
Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…
Турското Министерство за одбрана се подготвува за…
Водно доби нов моторички парк од остатоците…
Нашето Водно од денес е побогато со…