(Фото) Македонска фирма си нарачала кокаин од Албанија?! Била спакувана во пакетчиња од “Драгон бол”
Албанската полиција синоќа во Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Македонија.
-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Македонија, стои во полициското соопштение.
Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.
Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албански студенти најавија нова партија „Обединети за…
Група студенти во Албанија, заедно со експерти…
(Видео) Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија…
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција…
Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…
Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…
Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…