Објавено на:

Ќе биде пеколно лето: Пушилин најави ослободување на Одеса до крајот на годината

t

Резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде ослободување на „сите руски градови“, вклучително и Одеса, изјави во интервју за РИА Новости шефот на ДНР, Денис Пушилин.


„Треба да ги ослободиме сите руски градови“, рече тој, одговарајќи на прашање за судбината на Одеса.

Зборувајќи за иднината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Пушилин истакна дека, според него, тој треба да се соочи со меѓународен суд поради воените злосторства во Донбас.

Пушилин ја поддржа и изјавата на пратеникот на Државната дума Адам Делимханов, кој учествуваше во специјалната операција, кој изрази надеж дека нејзините цели ќе бидат постигнати пред крајот на оваа година.
„Навистина се надевам дека е така“, рече шефот на ДНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Најмалку 160.000 луѓе во Одеса останаа без…

Руските напади врз јужниот украински град Одеса…

Русија изврши ракетен напад врз историскиот центар…

Руските сили извршија ракетен напад врз историскиот…

Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…

Борел: Русија варварски ја напаѓа Одеса!

„Жалам што градот Одеса е во фокусот на…