Македонците во Бугарија ќе отворат културен клуб во Благоевград именуван по Никола Вапцаров

t

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.

Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.

„Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, вела од ОМО Илинден.

Во Битола претходно бугарскиот државен врв присуствуваше на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста.
Откако во земјава, пејачот Ламбе Алабаковски го запали влезот на клубот во Битола, и потоа ја признал вината откако полицијата го приведе, Македонците во Бугарија кажаа дека и нивниот клуб бил вандализиран, но бидејќи немало поголема штета, полицијата не преземала мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

Благодатниот оган за Велигден и годинава од…

Претставници на грчката Влада и оваа година…

Ковачевски: Изборите ги изгубил тој што нема…

Тој што не може да формира влада…

(Документи) (Не)кој лаже? Николоски не работел во…

Александар Николоски нема работено во приватен сектор…

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…