Објавено на:

Перез не се откажува од европската Суперлига

t

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште еднаш повтори дека проектот на најбогатите екипи, европска Суперлига, сè уште е жив.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус остануваат доследни на идејата и не се предаваат, додека под притисок на УЕФА, навивачите и нивните влади од Суперлигата се откажаа Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Милан, Интер, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

– Суперлигата сè уште е жива. Судското рочиште ќе покаже дали сме во право или не. Верувам дека имаме право да го организираме тоа наттпреварување. Разбираме дека УЕФА има монопол, но никогаш не се плашевме дека ќе бидеме исфрлени од Лигата на шампионите. Имаме добри односи со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин иако не се согласуваме за некои прашања – рече Перез.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перез прокоментира за случајот со Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез очигледно…

Перез не се откажува од европската Суперлига

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште…