Објавено на:

Дендиас и Чавушоглу со неформален разговор го „скршија мразот“ на Преспа форумот во Охрид

t

Грчките и турските министри го „кршат мразот“ во односите меѓу двете земји со куси меѓусебни разговори – шефовите на двете дипломатии во Охрид, на Преспа форумот за дијалог, а министрите за одбрана во Брисел на НАТО состанокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за први, неформални и куси средби откако во изминатиот период, особено по изјавата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган дека за него грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис не постои, односите меѓу двете земји се особено затегнати со низа меѓусебни обвинувања.

Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу вчера беа во Охрид и учествуваа на Преспа форумот, но беа на одделни сесии, што се одржаа една по друга и се начекаа додека турскиот министер за надворешни работи пиеше кафе, па нивниот разговор што траеше не повеќе од 30 секунди беше токму за кафето, дали е турско, грчко или еспресо.

-Мевлут!, му довикна Дендиас на Чавушоглу.

-Еј Нико, како си?, одговори турскиот министер и се поздрави со неговиот грчки колега.

Дендиас го праша Чавушоглу, што пие и доби одговор дека тоа е кафе, еспресо, „бидејќи денот ќе биде долг“.

-Не турско, не грчко?, праша Дендиас.

Министерот за надворешни работи на Турција одговори дека турското и грчкото кафе се всушност исто кафе, но тој пие еспресо.

Дендиас на Твитер објави фотографија со Чавушоглу и напиша дека имал „социјално ракување“ со неговиот турски колега.

Двајцата министри за надворешни работи, освен колеги, се и добри и стари пријатели.

Од друга страна, министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Панајотопулос и Хулуси Акар имаа кус разговор на маргините на Самитот на министрите на НАТО што се одржа во Брисел.

Панајотопулос и Акар, како што соопштија од Министерството за одбрана на Грција,„ја истакнале важноста на одржувањето на отворените канали на комуникација во духот на добрососедските односи и фокусирање на позитивната агенда што ќе придонесе во градењето подобра клима и во билатералната и регионалната соработка“.

Министерот за одбрана на Грција, ја истакнал и важноста на намалувањето на тензиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…

Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…

Пред околу час и половина во стариот…

Пожар опасно се приближува до „Јасен“!

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…

Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…

Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…

Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…

УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…