Шаленберг: ЕУ не смее да го заборави Западен Балкан
Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.
„ЕУ не смее да потпадне под геостратешкиот „тунелен поглед“. Ние имаме одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, кои се кандидати веќе неколку години“, објасни Шаленберг.
Александар Шаленберг истакна дека сега мора да биде јасно дека процесот на проширување е од посебно значење, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…