Објавено на:

Брнабиќ: Признавањето на Косово не е во преговорите на Србија, но сега се слушаат такви работи

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ смета дека тоа што Северна Македонија се условува на патот кон ЕУ со билатерални прашања од спорот со Бугарија е преседан што го отежнува патот на сите од Западен Балкан.

„Ако видовме една работа тоа е дека кога ќе се постави еден преседан, тој се повторува. Она што е направено е навистина преседан. Да се решаваат какви било билатерални прашања и со тоа да го условувате европскиот пат на една земја која ги исполнила сите услови за да почне со преговори, е преседан и ако мене ме прашувате тоа не треба и не смее да се повторува. Дали може да се повтори? Апсолутно верувам дека може и дека ќе го отежни патот на сите нас од Западен Балкан во ЕУ – изјави Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања во Охрид каде што учествува на „Преспа форумот за дијалог“.

На прашањето дали се плаши дека тоа може да ѝ се случи и на Србија со Косово, таа рече дека тоа веќе се случува и посочи дека иако во официјалната преговарачка позиција ЕУ никаде не споменува дека официјален Белград треба да ја признае независноста на Косово, сега се слушаат такви работи.

„Дали тоа веќе ѝ се случува на Србија? Да, се случува со тоа што во нашата преговарачка позиција јасно се зборува за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина односно Србија и Косово, но Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН која го гарантира територијалниот интегритет на Србија во рамки на меѓународно признаените граници. И никаде не се споменува, ниту со збор ниту со буква, признавање на таканаречената Република Косово од страна на Република Србија, за што сега слушаме дека постојат некои зборови. Тоа не е во согласност со официјалната преговарачка позиција на ЕУ. Ако треба да ја менуваат, нека ја менуваат, но додека ова е официјална позиција тоа е официјална позиција и тоа е така. Но, би бил преседан среде преговорите да ја менувате преговарачката позицијата – рече Брнабиќ.

Премиерката посочи дека Србија се наоѓа во уште потешка ситуација откако почна војната во Украина бидејќи се соочува со огромно лицемерство на голем број земји членки на ЕУ и некои други кои од една страна го признаваат Косово, а од друга страна се борат за територијалниот интегритет на Украина.

„Додека се борат со сето срце и душа за територијалниот интегритет на Украина во согласност со меѓународното право и основниот принцип на меѓународното право – територијалниот интегритет, истовремено тој прв принцип на меѓународно право не важеше за Република Србија туку го прекршија 1999 година и 2008 година. Како сега територијалниот интегритет во случајот на Украина мора се брани по секоја цена, а во случајот на Србија не е важно, може да се прекрши – рече Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…