Објавено на:

Лукашенко: Настаните во Украина се само почеток

t

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека настаните во Украина претставуваат елемент на голема светска прераспределба, во која ќе страдаат малите држави.

„Никој не знае како ќе заврши. Никој не знае како ќе се развива ситуацијата. Тоа што се случува во Украина е почеток. Тоа е еден од елементите на голема прераспределба на светот. Ќе се крши, ќе се руши. Ќе страдаат малите држави“, рекол Лукашенко во текот на разговорот со работниците во белоруското претпријатие “Белшина”.

Според неговото мислење, обидот на Западот да му диктира на целиот свет што да прави веќе на сите им здодеало.

„Не сме сами на овој свет. Тој диктат на Западот веќе на сите им здодеа. Светот почнува да се престројува“, рекол Лукашенко.

Претседателот на Белорусија смета дека во време на надворешнополитички и економски притисоци на таа земја, секој нејзин жител е должен да продолжи да работи. „Останатите проблеми се мои“, рекол Лукашенко.

Тој посебно ја истакнал важноста на развивање односи на Белорусија со пријателски земји, меѓу кои, покрај Русија, се и Кина и Индија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…