Страшно: Зејтин без декларација на македонски јазик се појави низ македонските маркети

t

По информацијата дека руски производи се продваат со непреведена декларација во продавниците се разбуди Државниот пазарен инспекторат. Иако од Царината потврдуваат дека стоката увезена од Русија е во согласност со правилата, на некои пакувања се забележани неправилности со непреведување на етикетите. Ден по објавувањето на строијата на Алсат, од Пазарниот инспекторат велат дека извршиле контроли во Куманово, за преземање мерки за увезените производи кои се појавуваат со декларација само на странски јазици. Сончогледовото масло за готвење е само на руски.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ваквите неправилности се чести. Во Секторот за заштита на потрошувачите годинава се поднесени 194 претставки од граѓани.

„Во првите 5 месеци од годинава извршени се над 19.500 контроли. За неправилности, меѓу кои и за несоодветно означување на производите изречени се вкупно 1.665 мерки. Спроведени се 727 обуки на оператори со храна и сe поднесени 42 пријави за полесни прекршоци. Поднесена е и кривична пријава. 56.971 килограми храна од животинско и неживотинско потекло се отстранети како небезбедни“, наведуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

Согласно Законот за безбедност на храната, Законот за заштита на потрошувачите, етикетирањето е задолжително за секој производ. Врз основа на проверките на надлежните органи кои рекоа дека лани достигнале речиси бројка од 50 илјади, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветно и нецелосно пријавување на производите и измама на потрошувачите.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија гласаше воздржано за резолуцијата на ОН…

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство…

Раштиман оркестар: Полска не ја поддржа заедничката…

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска соопшти дека…

Народот се самоорганизира: Се потпишуваат декларации за…

Македонскиот православен народ се самоорганизира за да…

Македонија како Швајцарија, засега на хартија: Алијанса…

Алијанса за Албанците која е најновиот партнер…

Николовски уверува: Брашно, зејтин и млеко ќе…

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат…