Тело на жена пронајдено во река кај Демир Капија
МВР информира дека било пронајдено безживотно тело во близина на Демир Капија, стои во полицискиот билтен.
-На брегот кај вливот на река Бошава во река Вардар било пронајдено женско лице на 16.06.2022 во 11.20 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Љ. А.(74) од Демир Капија. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од МВР.