Ајде нова стота доза: СЗО поддржа употреба на вакцина адаптирана на Омикрон
Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза.
„Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот“, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО).
Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против ковид-19.
Производителите на вакцини како „Модерна“ и „Фајзер“ развиваат потенцијална дополнителна оза од новата генерација, која ќе го таргетира не само оригиналниот сој, туку и сојот омикрон.
„Модерна“ минатата недела соопшти дека новата верзија на нејзината вакцина покажала подобар имунолошки одговор против омикрон од оригиналната верзија. Европската медицинска агенција неделава почна со тестирање на вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер“ адаптирани на сојот омикрон.
Вакцините ќе можат да се употребуваат откако ќе биде одобрена нивната примена во итни случаи или кога ќе ја одобрат надлежните регулаторни тела.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Статистика на СЗО: Пушењето убива по 11…
Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека Македонија…
СЗО бара забрана за ароматизирани тутунски производи
Со оглед на бројот на млади пушачи,…
СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното…
Одлуката на САД да ја замрзнат странската…
Мелони по стапките на Трамп: И Италија…
Италијанската крајно десничарска партија „Лига“, на вицепремиерот…
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…
Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…