Путин “омекна”: Не сме против влез на Украина во ЕУ
Русија нема против Украина да влезе во Европската унија, која не е воена организација или воено-политички блок, за разлика од НАТО. Секогаш сме зборувале и секогаш ќе кажам дека нашиот став е многу јасен по ова прашање. Немаме ништо против влезот на Украина, истакна рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесе „ТАСС“.
„Никогаш не сме биле против тоа (влезот на Украина во ЕУ). Отсекогаш сме биле против воениот развој на украинската територија, бидејќи тоа ја загрозува нашата безбедност. На тоа се спротивставивме. Но, кога станува збор за економската интеграција – тоа е нивен избор“, рече Путин.
Истовремено, нагласи тој, целесообразноста на пристапот на Украина во Европската унија ќе ја определи и ЕУ.
„Тоа е суверена одлука на која било земја – да се приклучува или да не се приклучува на економските асоцијации, а работата на ова или она економска асоцијација е да прима нови членови или не. Дозволете им на земјите од ЕУ да одлучат колку тоа е можно и изводливо. Дали тоа ќе биде од корист или штета за Украина е целосно нивна работа, прашање на украинскиот народ и на украинското раководство денес“, заклучи Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…