Објавено на:

Сателитскиот интернет на Илон Маск од денеска и во Македонија

t

Од денес сателитскиот интернет на една од многуте компании на најбогатиот човек на светот Елон Маск, SpaceX, е достапен и во Македонија. Компанијата ја пренесе оваа вест на својот Twitter профил заедно со потсетувањето дека имаат супер брз широкопојасен интернет со минимално доцнење (латенција). Македонија е една од првите држави во регионот во која е достапен Starlink, а наскоро е најавено и покритие во остантите земји од регионот.

Вообичаената брзина која може да ја очекуваат корисниците глобално е од 50Mbps до 250 Mbps, при латенција од околу 20ms.
За жал, како новите корисници сепак ќе треба да причекаат. Ако се обидете да ја нарачате опремата која ви е потребна на Starlink, по внесувањето на адресата ќе забележите дека влегувате на листа на резервации. Заедно со ова, доаѓа и известување дека услугата во вашиот (нашиот) реон треба да започне во второто тримесечје на 2022 година, и податоци за цената на опремата, испораката, и висината на претплатата.

Опремата за резиденцијални (бизнис услугата се уште не е достапна во Македонија) корисници чини 39.700 денари, за пакувањето и испораката се доплаќа 3.650 денари. Месечната претплата на Starlink e 6.570 денари. За да влезете на листа на чекање нема да треба да ја платите целата сума, но ќе мора да оставите депозит од 6.570 денари.

Засега нема информација за периодот во кој ќе започне испораката на опремата во Македонија, може да се чека и до 6 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…