(Видео) Делчев: И директорот на затворот и Тупанчески ќе мора да одговорат за се што се случува во затворите
Гостин во денешната епизода на Тешки муабети е претседателот на независниот полицики синдикат, Гоце Делчев, кој истакна дека затворската полиција во Македонија има лошо услови и често пати се физички напаѓани од мафијаши во ќелиите.
– “Ова што се случи во понеделникот ние со години го бараме, во затворите има криминални дувла, затворската полиција не може да се справи со тоа.
Се надевам дека тоа што се случи во понеделникот ќе се случи и во други затвори.
Ние вчера имавме протест, спонтан протест поради палењето на автомобилот на наш колега, ова е преседан, јас се слушнав и со бугарските колеги и други европски колеги и тие се вчудоневидени, не им е јасно како е тоа можно.
За чудо дел од луѓето што се внатре во затворите отидоа до таму да дрско прават фотографии на делот каде протестиравме.
Нашиот излез го гледаме во спонтано излегување и да му дадеме насока на министерот дека шала нема.
Во Македонија е се можно и мислам дека и директорот на затворот и министерот за правда ќе мора да одговорат за се што хронолошки се случувало.
Пред повеќе од месец и пол дена доставив допис до Тупанчески за средба бидејќи лицата на Сокол извршија напад на главниот командир на затворот Шутка. Овојпат директорот на Идризово и на сите затвори во Македонија ќе мора да одговорат што се случува во подземјето во затворите”, вели Гоце Делчев, претседател на независниот полициски синдикат.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=762092014787885¬if_id=1655494829184454¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…
Турското Министерство за одбрана се подготвува за…
Водно доби нов моторички парк од остатоците…
Нашето Водно од денес е побогато со…
Директорот на ЦИА не се сретна со…
Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…
БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…
Во време на долги топлотни бранови, континентални…
Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…
Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…