(Видео) Петков за БНТ: Нема да донесам никаква независна одлука без потврдаа од Парламентот
Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека одлуката за укинување на ветото за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ нема да биде донесена без потврда од Народното собрание.
-Како премиер нема да донесам никаква одлука, ако не ја потврди бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков.
Тој рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија – и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата.
Петков вели дека тој не го прочитал францускиот предлог, кој бил испратен директно до Собранието.
„Јас го немам видено предлогот на Франција, но од тоа што го знам е дека се штитат правата на Бугарите и РСМ до првата конференција треба да ги вметне во Уставот… Во секој случај, јас ништо нема да преземам без парламентот… Каква одлука тој ќе донесе, таков ќе биде и мојот став кон ова прашање наредната недела во Брисел“, изјави Петков во интервјуто за емисијата „Панорама“ на БНТ.
-Нема да донесам никаква независна одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, беше дециден бугарскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…