Бугарска опозициска партија не прифаќа македонски јазик, ниту француски предлог кој го содржи него
Бугарската опозициска партија Преродба соопшти дека не ги прифаќа условите од францускиот предлог за Македонија. Предлогот, кој денес беше испратен до бугарскиот парламент, предвидува почеток на преговорите со ЕУ, со загарантирани бугарски барања преку преговарачката рамка.
Ставот на „Преродба“ го искажал заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика Ангел Георгиев:
-Предлогот на Франција е апсолутно недозволив затоа што зборува за малцинства, зборува и за две различни нации и граѓани од други нации кои живеат во рамките на Северна Македонија, а со кој документ во пракса се предвидува Бугарија да се согласи за постоење посебен македонски јазик – нешто тоа е апсолутна измислица“, рекол Георгиев, пренесува бугарски „Труд“.
Во знак на несогласување, Преродба во вторник во 17 часот организира протест пред Бугарското народно собрание. За тој ден се планирани расправите за гласањето недоверба на владата на премиерот Кирил Петков.
Во бугарското Собрание со 240 пратеници „Преродба“ има 13 пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…