Радев: Францускиот предлог за мене е чекор во вистинска насока

t

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ мора да се направи пред почетокот на преговорите, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

Според него, предлогот на француското претседателство е „чекор во вистинската насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото.“

– Но, не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражбата и фалсификувањето на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и за зачувување на бугарското културно наследство, искоренување на говорот на омраза, рехабилитација на жртвите само затоа што се нарекувале Бугари, додаде Радев, пренесе БГНЕС.

Тој рече дека Владата на Петков не успеала да подготви бугарски предлог, па сега поднесува француски, насочувајќи го кон бугарското собрание без да каже свој став.

-Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, додаде Радев.

Тој очекува бугарската влада да ги разјасни овие прашања, да побара јасни механизми и гаранции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…

Турското Министерство за одбрана се подготвува за…

Водно доби нов моторички парк од остатоците…

Нашето Водно од денес е побогато со…

Директорот на ЦИА не се сретна со…

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…

БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…

Во време на долги топлотни бранови, континентални…

Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…

Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…