Петков: Нема да донесам никаква одлука за Македонија без да бидам поддржан од Собранието

t

„Министерството за надворешни работи сега мора детално да го образложи францускиот предлог до собраниската Комисија за надворешни работи и да донесе одлука. Повторно велам дека нема да донсеам никаква одлука без да бидам поддржан од ставот на Народното собрание, изгласан од негово мнозинство“.

Оваа беше изјавата на премиерто, Кирил Петков во врска со францускиот предлог за почеток на преговори меѓу нашата земја и ЕУ, објавува БГНЕС

Петков не е сигурен дали парламентот ќе донесе одлука во врска со предлогот до средбата на европските лидери следната недела. Ако не, тој нема мандат да се обврзе да го укине ветото на Бугарија за почеток на преговорите.

Петков објасни дека на самитот на ЕУ следната недела немад аоди со владиниот став, туку со ставот на парламентот, доколку го има.

„ЕУ дава можност да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија преку јасен механизам дека Македонија не ги почнува преговорите за ЕУ пред промената на Уставот. Меѓувладината конференција треба да започне откако ќе го сменат Уставот, но ако го сменат својот устав, Бугарија нема да може повторно да ги спречи и ќе гарантира дека нема да измислува по еден услов на секои 6 месеци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…