Барселона ќе игра против Кјелце во финалето од Лигата на шампионите
Барселона со сигурни 34-30 го победи Кил во второто полуфинале и утре ќе се бори за големиот пехар од ракометната Лига на шампиони против Кјелце.
Барселона ја оправда улогата на фаворит против Кил и релативно лесно дојде до победата. Првиот дел беше неизвесен, но во второтото полувреме Каталонците доминираа и на крајот дојдоа до лесна победа од четири гола разлика.
Најдобар во составот на Барселона беше Гомез Абељо кој даде 12 голови, а на голот брилијантен беше Де Варгас со 11 одбрани.
Во утрешното финале Барселона ќе игра против Кјелце, а Кил ќе се бори за третото место со Веспрем. Кај Кил, Винчек имаше седум гола, Рајнкинд даде шест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во…
Авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот од…
Франција и Германија ќе бидат домаќини на…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…
Барселона ги понижи „кралевите“ среде Мадрид
Фудбалерите на Барселона дојдоа до огромна победа…