Исчезнати четири и спасени над 100 лица во близина на грчкиот остров Дилос
Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел јужно од островот Дилос, откако едрилицата во која имало над 100 лица, веројатно мигранти, почнала да тоне, била побарана помош и спасени се 108, а исчезнати четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека спасени се 63 мажи, 24 жени и 21 дете, четири лица биле пренесени во здравствениот дом на островот Миконос, а согласно она што го изјавиле спасените, исчезнати се четири лица.
Спасените се пренесени на Миконос, акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнатите, а според крајбрежната служба, ниту едно од лицата не носело спасувачки елек. ср/
Фото: Крајбрежна служба на Грција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…