Саниран мостот на Маркова Река во Драчево
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево од страна на институциите на Град Скопје, со главен носител на активностите ЈП „Улица и Патишта“ во координација и со други институции.
Конкретно, како што велат од таму, вчера после пладне, по околу 13.00 часот, целосно е пуштен сообраќајот, во двете насоки на патот, бидејќи поради градежните работи беше затворен сообраќајот преку мостот се до завршување на санацијата.
-Практично, како што ги известивме граѓаните – возачите имаа две времени решенија да се движат додека траеше санацијата: едно – преку населеното место Горно Лисиче и второ – преку наеленото место Батинци, се разбира, во соработка со институците ангажирани за санација на мостот. За време на викендов се реализираше проектот за целосно санирање на оштетувањето на армирано бетонската плоча, со брзоврзувачки материјали на цементна основа, информираа од ЦУК.
Додаваат дека тие материјали и постапка, овозможуваат поставување на асфалтот за само 16 часа после реконструкцијата на коловозната армирано бетонската плоча.
Истовремено, ЦУК се заблагодари за брзата реакција на службите на Градот Скопје и ЈП „Улици и Патишта“ за реализацијата на санацијата на мостот во предвидените рокови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…