Објавено на:

Хрватската влада донела одлука за нови мерки, кои се однесуваат на цените на горивата

t

Хрватската влада утринава на одржаната седница донела одлука за нови мерки, а кои се однесуваат на цените на горивата.

На сите бензиски пумпи, освен на оние кои се на автопат, од утре цените на горивата се фиксирани. Литар дизел е 13,08 куни, а бензинот 13,50 куни. Синиот дизел ќе се продава по цена од 9,45 куни за литар.

На автопатиштата цените на горивата растат, па така литар дизел е 13,57 куни, а Евросупер 95 – 14,06 куни.

-Одлучивме повторно да интервенираме. Ги фиксираме односно ограничуваме сегашните цени на сите бензински пумпи, освен на тие кои ќе наоѓаат на автопат. Таму ќе има раст на цената, изјавил премиерот Андреј Пленковиќ.

Владината интервенција со која се фиксираат цените, според Пленковиќ, се однесува на 94 проценти од бензиските пумпи. Оваа мерка ќе трае две недели.

Како што појасни, со вака донесената мерка се заштитуваат граѓаните и државата, односно се прави баланс со цените на бензиските на автопатиштата, особено во ек на туристичка сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Компанијата „АстраЗенека“ ја повлече од продажба вакцината…

Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ (Astrazeneca) денеска објави…

Со УВ ламба и спреј ќе продолжи…

На едно избирачко место во Кочани, едно…

„Гардијан“: Си во Белград, а остатокот од…

Додека властите ширум Европа се борат со…

МВР информираше за неколку нерегуларности во текот…

Од МВР информираа за неколку настани кои…

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела…

Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени…