Да се радуваме што ни остана јазикот: Бучковски смета дека францускиот предлог е добра основа

t

Професорот Владо Бучковски, кој своевремено беше и специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија, во колумна за НоваТВ ја разработува идејата Pro или contra Францускиот предлог. Според него, предлогот на Француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира.

Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула, Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа, вели Бучковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отиде jaбана: Владата го paзpeши Бучковски

Владата на денешната седница го разреши поранешниот…

Бучковски е убеден дека Бугарија ќе ја…

Специјалниот пратеник на македонската влада за решавање…