Никој не го чепка гасот: ЕУ планира да воведе санкции за руското злато?

t

Седмиот пакет санкции што Европската унија ќе и ги воведе на Русија поради воената инвазија на Украина ќе влијае и на руското злато. Европската комисија веќе работи на ова прашање, а засега нема информации дали ограничувањата ќе бидат за извоз на руско злато во ЕУ, за увоз во Русија или за двете.

Во шесте пакети усвоени досега од воената инвазија во февруари, неколку сектори, вклучително и гасот, остануваат главно незасегнати бидејќи владите на ЕУ се обидуваат внимателно да избегнат мерки кои можат да и нанесат поголема штета на нивната економија од руската.

Според различни извори од ЕУ, на крајот од претстојниот редовен самит во Мадрид (23-24 јуни), конечната декларација ќе се обврзе дека „ќе продолжи работата на санкциите, вклучително и за зајакнување на спроведувањето и спречување на заобиколувањето“, барем според нацрт на декларацијата дадена на 20 јуни.

Според извори од Европската комисија, запознаени со дискусиите за седмиот пакет, меѓу следните цели е трговијата со злато. На состанокот зад затворени врати на амбасадорите на ЕУ минатата недела, Данска (според изјавата на данскиот амбасадор) предложи следните санкции да важат и за златото, меѓу другите сектори на економијата.

Сега Европската комисија работи на додавање злато во следниот пакет, а дилемата е дали ќе има забрана за извоз во Русија, увоз од Русија или и двете. Златото е клучен имот за руската централна банка, која страда од ограничувања за пристап до некои нејзини средства во странство како резултат на санкциите од Западот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…