Објавено на:

МАТЕЈ ПЕРИШ пред смртта користел наркотици! СТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ од токсиколошката анализа

t

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека е утврдено оти нема сомнеж дека смртта на хрватскиот државјанин Матеј Периш (27) е последица на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година до пронаоѓањето на телото на 18 мај во реката Дунав кај Ада Хуја.

– Телото е пронајдено во фаза на напредни постмортални промени. Околностите што му претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавата на лицата кои пред исчезнувањето биле во негово друштво, со извршените проверки и обдукцискиот наод, не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со некаков вид насилство. Имено, во обдукцијата што по наредба на Вишото јавно обвинителство ја изврши Институтот за судска медицина во Белград, на телото на Матеј Периш немало повреди на коските на главата, вратот, торзото или екстремитетите, соопшти Вишото јавно обвинителство.

Резултатите од токсиколошките анализи покажале присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите со присуство на етил алкохол.

– Во примерокот од косата се идентификувани траги од кокаин и бензоилекгонин. Вештачењето на комисијата го извршиле тројца вештаци од судска медицина. Потсетуваме, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија интензивно трагаа по него по пријавата за исчезнувањето на Периш и ги презедоа сите мерки и дејствија во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград за пронаоѓање на Матеј Периш и расветлување на сите факти и околностите за неговото исчезнување. При откривањето на Матеј Периш биле ангажирани припадници на полициската управа за град Белград, нуркачката единица на Жандармеријата, Управата за криминалистичка полиција, Полициската канцеларија за безбедност на реките, како и сите полициски станици во градот Белград, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…