Испраќаме војници, ама не во Украина: 31 припадник на АРМ одат во Косово!
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Исто така, е донесена и Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија и Република Турција со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема на територијата на Република Македонија, кои заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…