Пендаровски потврди: Имаме сознанија дека македонски државјани се борат и на украинска и на руска страна
Прво не знаеме што е вистина, а што е лага кај руската пропаганда. Јас мислам дека 90% е лага. Не станува збор во ниту еден случај за активни војници или полицајци од Северна Македонија кои заминале да се борат на фронтот во Украина. Не тврдам дека нема приватни лица кои не отишле таму, по различни канали, за некои имаме сознанија дека се отидени и дека се борат на двете страни. На државјани на Македонија кои се борат или на украинска или руска страна. Се работи за десетина лица од двете страни, рече претседателот Стево Пендаровски околу информациите дали платеници од земјава се борат на украинското бојно поле.
Според претседателот, бесполезно е да се демантираат руските официјални соопштенија.
-Тоа е воена пропаганда, се работи за нивната национална кауза, мислам дека е најдобро да ги игнорираме, како во случајов кога зборуваат за припадници на македонски безбедносни сили и треба јасно и гласно да се каже дека тоа не е вистина, додаде Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…